28 Потоа, знаејќи дека целокупното Негово дело е завршено, а за да се исполни Светото Писмо, Исус рече: „Жеден сум!“
29 Таму имаше еден сад полн со вински оцет. Откако закачија сунѓер натопен во винскиот оцет на една прачка од хисоп, Му го принесоа до устата.
30 Штом вкуси од винскиот оцет, Исус рече: „Се сврши!“ Потоа ја наведна главата и умре.
31 Тој ден, петок, беше денот на подготовка за утрешниот празник Пасха, кој за Евреите претставува особено значаен празник. Затоа тие побараа од Пилат да им ги прекрши нозете на распнатите и да ги симне, за да не останат да висат телата распнати на крстовите и во саботата.
32 Така, војниците дојдоа и најпрво им ги прекршија нозете на другите двајца кои беа распнати со Исус.
33 А кога дојдоа до Исус видоа дека веќе е мртов, па не Му ги скршија нозете.
34 Наместо тоа, еден од војниците со копје Го прободе под ребрата, при што потекоа крв и вода.