9 (зашто тие тогаш не знаеја дека, според Светото Писмо, Исус ќе воскресне од мртвите).
10 Потоа учениците се вратија дома.
11 Марија Магдалена стоеше надвор до гробницата плачејќи. Додека така плачеше, таа се наведна над влезот на гробницата
12 и виде двајца ангели во бело како седат на местото каде што било Исусовото тело: едниот кај главата, а другиот кај нозете.
13 Ангелите ја прашаа Марија: „Зошто плачеш?“ “Го зеле телото на мојот Господ и не знам каде Го преместиле!“ - им рече таа
14 Штом го рече тоа, таа се сврте и Го виде Исуса како стои таму, но не Го позна.
15 Исус и рече: „Зошто плачеш? Кого бараш?“ Мислејќи дека тоа е градинарот, Марија Му рече: “Господине, ако си Го зел телото ти, кажи ми каде си го преместил и јас ќе го земам.“