Јован 21:17-23 MNT

17 Исус и третпат проговори и овојпат го праша: „Симоне, сине Јованов, Ме сакаш ли?“ Петар се нажали што Исус третиот пат го праша: „Ме сакаш ли?“, па Му рече: „Господе, Ти знаеш се, Ти знаеш дека Те сакам!“ „Тогаш храни ги Моите овци!“ - му рече Исус.

18 „Додека си млад, сам се препашуваш и одиш каде што сакаш. Но, те уверувам дека, кога ќе остариш, ќе ги пружиш рацете и други ќе те препашат и ќе те одведат таму каде што не сакаш.“

19 Исус го рече ова за да посочи со каква смрт Петар ќе Го прослави Бога. Потоа, Исус му рече на Петар: „Дојди со Мене!“

20 Петар се сврте и виде дека ги следи ученикот што му беше љубимец на Исус. Тоа беше истиот оној ученик, кој за време на вечерата се беше навалил на Исусовите гради и Го беше прашал: „Господе, кој е тој што ќе Те предаде?“

21 Кога Петар го виде тој ученик, му рече на Исус: „Господе, што ќе стане со овој човек?“

22 Исус му одговори: „Ако сакам тој да остане жив додека Јас да се вратам, што ти е тебе грижа? Ти дојди со Мене!“

23 Затоа се рашири глас меѓу Христовите следбеници, дека тој ученик нема да умре. Но Исус не рече дека нема да умре, туку: „Ако сакам тој да остане жив додека Јас да се вратам, што ти е тебе грижа?“