Јован 21:3-9 MNT

3 Симон Петар им рече: „Одам на риболов!“ „И ние ќе дојдеме со тебе!“ - му рекоа тие, и сите заедно тргнаа со бротчето. Но цела ноќ не уловија ништо.

4 В зори, Го видоа Исуса на брегот, но не Го познаа.

5 Тој им довикна: „Деца, имате ли некоја риба?“ „Немаме“ - му одговорија тие.

6 Тој им рече: „Фрлете ја мрежата од десната страна на бротчето и ќе уловите.“ Тие ја фрлија и не можеа да ја извлечат од големиот број риби што ги уловија.

7 Тогаш, ученикот што му беше љубимец на Исус, му рече на Петар: „Тоа е нашиот Господ!“ Штом слушна дека тоа е Господ, Симон Петар се препаша со наметката што претходно ја беше соблекол, па скокна во езерото и почна да плива кон брегот.

8 Останатите ученици со бротчето беа на околу деведесет метри од брегот и набргу пристигнаа, влечејќи ја мрежата со рибите.

9 Кога излегоа на копното, видоа леб и риба, ставена на разгорен јаглен.