Јован 21:5-11 MNT

5 Тој им довикна: „Деца, имате ли некоја риба?“ „Немаме“ - му одговорија тие.

6 Тој им рече: „Фрлете ја мрежата од десната страна на бротчето и ќе уловите.“ Тие ја фрлија и не можеа да ја извлечат од големиот број риби што ги уловија.

7 Тогаш, ученикот што му беше љубимец на Исус, му рече на Петар: „Тоа е нашиот Господ!“ Штом слушна дека тоа е Господ, Симон Петар се препаша со наметката што претходно ја беше соблекол, па скокна во езерото и почна да плива кон брегот.

8 Останатите ученици со бротчето беа на околу деведесет метри од брегот и набргу пристигнаа, влечејќи ја мрежата со рибите.

9 Кога излегоа на копното, видоа леб и риба, ставена на разгорен јаглен.

10 Исус им рече: „Донесете од рибите што пред малку ги уловивте!“

11 Симон Петар се качи на бротчето и ја извлече мрежата на брегот. Во неа имаше сто педесет и три големи риби. Иако беше полна со големи риби, мрежата сепак не се скина.