1 Меѓу фарисеите имаше еден човек по име Никодим, кој беше еврејски верски старешина.
2 Тој дојде кај Исус ноќе и му рече: „Раби, знаеме дека Ти си учител дојден од Бог, зашто овие чуда што Ти ги правиш никој не може да ги прави, ако Бог не е со него!“
3 Исус му одговори: „Најсериозно ти велам: ако човек наново не се роди, не може да го види Божјото царство!“
4 „Како може стар човек наново да се роди!?“ - праша Никодим. „Може ли да се врати во утробата на својата мајка и повторно да се роди!?“
5 Исус му одговори: „Ти велам и ти нагласувам: ако човек не се роди од вода и Дух, не може да влезе во Божјото царство!
6 Телото може да роди само тело, додека Светиот Дух раѓа нов, духовен живот, од небото.
7 Не чуди се што ти реков: ,Морате наново да се родите!‘