31 Најголем од сите е Оној што доаѓа одозгора. Оној што е од Земјата, пак, и припаѓа на Земјата и зборува за земни работи. Најголем од сите е Оној што доаѓа од небото.
32 Тој сведочи за она што го видел и слушнал, но малкумина го прифаќаат Неговото сведоштво.
33 Оној што го прифаќа Неговото сведоштво потврдува дека Бог е вистинит.
34 Зашто, Оној Кого Бог Го прати ги зборува Божјите зборови, затоа што Бог му дава Дух без мера.
35 Таткото Го сака Својот Син и Му предал се во Неговите раце.
36 Оној што верува во Синот има вечен живот; оној, пак, што му е непослушен на Синот, не ќе види живот, туку останува под Божјата казна!