9 „Како може тоа да биде!?“ - праша Никодим.
10 Исус му рече: „Како можеш да му бидеш учител на израелскиот народ, а да не го знаеш тоа!?
11 Најсериозно ти велам: ние знаеме што зборуваме и сведочиме за она што сме го виделе, а вие нашето сведоштво не го примате.
12 Ако не Ми верувате кога ви зборувам за земни работи, како ќе Ми верувате ако ви зборувам за небесни работи!?
13 Никој не бил горе на небото, освен Синот Човечки, Кој слезе од небото.
14 Исто како што Мојсеј ја подигна бронзената змија во пустината, така ќе мора и Јас, Синот Човечки, да бидам подигнат.
15 Тогаш секој што ќе поверува во Мене, ќе се здобие со вечен живот.