38 Јас ве испратив да жнеете таму каде што не сте вложиле труд да сеете. Други вложија голем труд, а вие ќе жнеете врз основа на нивната работа.“
39 Многу Самарјанци од тој град поверуваа во Исус врз основа на сведочењето на жената, која им говореше: „Ми кажа се што сум сторила!“
40 Затоа, Самарјанците дојдоа кај Исус и Го замолија да остане кај нив, и Тој остана таму два дена.
41 И уште многумина поверуваа слушајќи ги Неговите проповеди,
42 па и велеа на жената: „Сега не веруваме само поради твоите зборови, туку заради тоа што самите Го слушавме Исуса и се уверивме дека Тој навистина е Спасителот на светот!“
43 А по тие два дни Исус си замина оттаму за Галилеја.
44 Претходно Исус беше изјавил дека пророците ги почитуваат насекаде, освен во нивниот роден крај.