51 Додека си одеше дома го пречекаа неговите слуги и му кажаа дека детето е живо и дека се чувствува подобро.
52 Тогаш тој ги распраша, кога му станало подобро на детето. „Вчера, во еден часот попладне му помина треската“ - му одговорија тие.
53 Тогаш таткото сфати дека токму во тоа време Исус му рече: „Твојот син ќе живее.“ Така тој и целото негово семејство поверуваа во Исус.
54 Ова беше второто чудо што Исус го направи во Галилеја, по враќањето од Јудеја.