11 Тој им одговори: „Човекот што ме исцели, ми рече: ,Земи си ја постилката и оди!‘“
12 „Кој е тој човек што ти го рекол тоа?“ - го прашаа тие.
13 Излекуваниот, пак, не знаеше Кој е тој човек, затоа што Исус се беше повлекол од толпата народ што беше на тоа место.
14 Подоцна, Исус го сретна во храмот и му рече: „Сега оздраве; не греши повеќе, за да не те снајде нешто уште полошо!“
15 Човекот си замина и им кажа на еврејските верски водачи дека Оној што го исцели е Исус.
16 Поради ова, еврејските верски водачи почнаа да Го прогонуваат Исуса, зашто вакви работи правеше во саботите.
17 Но Исус им одговори: „Мојот небесен Татко не престанува да работи, па и Јас работам.“