Јован 5:15-21 MNT

15 Човекот си замина и им кажа на еврејските верски водачи дека Оној што го исцели е Исус.

16 Поради ова, еврејските верски водачи почнаа да Го прогонуваат Исуса, зашто вакви работи правеше во саботите.

17 Но Исус им одговори: „Мојот небесен Татко не престанува да работи, па и Јас работам.“

18 Заради ова, еврејските верски водачи уште поцврсто беа решени да Го убијат, зашто Тој не само што ја прекршуваше уредбата за саботата, туку и Бога Го нарекуваше Свој Татко, изедначувајќи се така со Бог.

19 Во одговор, Исус им рече: „Ве уверувам дека Синот не може да прави ништо сам од Себе; Тој го прави само она што го гледа кај Татка си. Тоа што го прави Таткото, го прави и Синот.

20 Зашто, Таткото Го сака Синот и Му покажува се што прави. Тој преку Синот ќе покаже и поголеми дела од ова исцелување, за вие да се чудите.

21 Зашто, како што Таткото ги подига мртвите и ги оживува, исто така и Синот оживува кого сака.