37 И Таткото, Кој Ме прати, исто така сведочи за Мене, но вие никогаш не сте го послушале Неговиот глас ниту пак сте го виделе Неговиот лик.
38 А и Неговиот збор не се задржува во вас, затоа што не верувате во испратениот од Него.
39 Вие го проучувате Светото Писмо, зашто верувате дека во него ќе најдете вечен живот за себе - а токму таму се говори за Мене!
40 Па сепак, вие не сакате да дојдете кај Мене и да примите живот.
41 Јас не сакам слава од луѓето;
42 а вас ве познавам и знам дека во себе немате љубов спрема Бог.
43 Јас дојдов во името на Мојот Татко, а вие не Ме примате. Ако некој друг дојде во свое име, него ќе го примите!