44 Како можете да верувате, кога еден на друг си давате слава, а славата од Единствениот Бог не ја посакувате!?
45 Немојте да мислите дека Јас ќе бидам Тој што ќе ве обвини пред небесниот Татко. Мојсеј - оној на кого се надевате - тој ќе ве обвини.
46 Да му верувавте на Мојсеј, ќе ми верувавте и Мене, затоа што тој има пишувано за Мене.
47 Но штом не верувате во она што тој го напиша, како ќе верувате во ова што Јас го зборувам!?“