1 По ова, Исус отиде од другата страна на Галилејското Езеро (или како што поинаку се нарекува - Тибериско Море).
2 Многуброен народ постојано Го следеше, бидејќи ги гледаше чудата на исцелување што Тој ги правеше над болните.
3 Исус се искачи на планината и таму седна со Своите ученици.
4 Наскоро доаѓаше еврејскиот празник Пасха.