2 Многуброен народ постојано Го следеше, бидејќи ги гледаше чудата на исцелување што Тој ги правеше над болните.
3 Исус се искачи на планината и таму седна со Своите ученици.
4 Наскоро доаѓаше еврејскиот празник Пасха.
5 Кога Исус го подигна својот поглед и забележа дека многуброен народ доаѓа кај Него, му се обрати на Филип: „Каде да купиме леб за да ги нахраниме луѓево?“
6 Исус го рече ова за да види што ќе му одговори Филип, бидејќи Исус знаеше што ќе прави.
7 „За да добие секој од нив барем по едно залаче, ќе треба да купиме леб за повеќе од двесте денарии!“ - одговори Филип.
8 Тогаш Андреј, еден од Исусовите ученици и брат на Симон Петар, Му рече: