33 Зашто, Лебот што ви го дава Бог е Оној што слезе од небото, за да му даде живот на светот.“
34 „Господине“, - му рече народот - „давај ни го тој леб секогаш!“
35 Исус им рече: „Јас сум животодавниот Леб! Оној што доаѓа кај Мене никогаш нема да огладни и оној што верува во Мене никогаш нема да ожедни.
36 Но ви реков дека, иако Ме видовте, сепак не верувате во Мене.
37 Секој што Ми е даден од Татко Ми, ќе дојде кај Мене, а Јас нема да одбијам ниту еден од оние што доаѓаат кај Мене.
38 Јас не слегов од небото за да ја вршам Својата волја, туку да ја вршам волјата на Бог, Кој Ме прати.
39 А волјата на Бог, Кој Ме прати е да не изгубам ниту еден од оние што Тој ми ги даде, туку на крајот сите да ги воскреснам за вечен живот.