46 Тоа не значи дека некој Го видел Бог, освен Оној Кој потекнува од Бога. Само Тој го видел Таткото.
47 Ве уверувам дека оној што верува во Мене, веќе има вечен живот.
48 Јас сум животодавниот Леб.
49 Вашите предци јадеа мана во пустината, но потоа умреа.
50 Еве Го Лебот што слегува од небото, за секој да може да јаде од Него и да не умре.
51 Јас сум животодавниот Леб Кој слезе од небото! Кој се храни од овој Леб - ќе живее вечно! А Лебот што Јас ќе го дадам за животот на светот е Моето тело.“
52 Тогаш Евреите почнаа одново да се препираат помеѓу себе, велејќи: „Како може Овој да ни го даде Своето тело да се храниме со Него!?“