56 Кој се храни од Моето тело и се напојува од Мојата крв, живее во Мене и Јас во него.
57 Мене Ме испрати живиот Татко, и како што причина за Моето живеење е Таткото, така и оној што се храни од Мене ќе живее заради Мене.
58 Лебот што слезе од небото не е како лебот што вашите предци го јадеа, а потоа умреа; тој што го јаде овој Леб - ќе живее вечно!“
59 Исус ги изрече овие зборови додека поучуваше во синагогата, во градот Кафарнаум.
60 Кога го слушнаа тоа, голем број од следбениците на Исус рекоа: „Тешко е ова учење; кој може да го слуша!?“
61 Свесен дека Неговите ученици мрморат за тоа, Исус им рече: „Зар ова ве натера да потклекнете!?
62 А што, ако Ме видите Мене, Синот Човечки, како се искачувам на небото, каде што бев порано!?