64 Но меѓу вас има некои што не веруваат.“ Исус го рече ова, зашто од почетокот знаеше кои се тие што не веруваат и кој ќе Го предаде.
65 Потоа им рече: „Затоа ви реков дека никој не може да дојде кај Мене, ако тоа не му е овозможено од небесниот Татко.“
66 Од тој момент многумина од Неговите ученици Го напуштија и престанаа да одат со Него.
67 Тогаш Исус им рече на Дванаесеттемина: „Ако сакате, можете и вие да си заминете“.
68 Симон Петар Му одговори: „Господе, кај кого да одиме? Твоите зборови носат вечен живот!
69 Ние веруваме во Твоите зборови и знаеме дека Ти си Светецот, Кој ни дојде од Бога.“
70 Исус, пак, им одговори: Нели Јас ве избрав вас дванаесеттемина? Па сепак, еден од вас е ѓавол.“