1 По ова, Исус се движеше во границите на Галилеја. Тој повеќе не сакаше да се задржува во Јудеја, затоа што еврејските верски водачи сакаа да Го убијат.
2 Наближуваше еврејскиот празник Сеници.
3 Неговите браќа Му рекоа: „Оди во Јудеја, за да можат Твоите следбеници да ги видат делата што ги вршиш!
4 Никој не дејствува во тајност, ако сака да стане познат. Штом ги правиш овие чуда, тогаш објави му се на светот!“
5 (Зашто, ни Неговите браќа не веруваа во Него.)