4 Никој не дејствува во тајност, ако сака да стане познат. Штом ги правиш овие чуда, тогаш објави му се на светот!“
5 (Зашто, ни Неговите браќа не веруваа во Него.)
6 Исус им одговори: „Се уште не е дојден вистинскиот момент за Мене, а за вас секое време е погодно.
7 Вас светот не може да ве мрази, а Мене Ме мрази, затоа што постојано му зборувам за неговите зли дела и гревови.
8 Одете вие на празникот. За Мене се уште не е погоден моментот да тргнам на овој празник во Ерусалим.“
9 Тој го рече тоа, и остана во Галилеја.
10 А кога Неговите браќа заминаа на празникот, тогаш и Исус се искачи во Ерусалим, но не јавно, туку скришно.