40 Кога народот го слушнаа ова, некои од нив рекоа: „Овој мора да е претскажаниот Пророк!“
41 Други велеа: „Овој е Месијата!“ Но останатите говореа: „Зар од Галилеја ќе дојде Месијата!?
42 Зарем Светото Писмо не вели дека Месијата ќе дојде од поколението на Давид и од родниот град на Давид?“
43 Така настана поделба меѓу луѓето во однос на Исус.
44 Некои од нив сакаа да Го уапсат, но никој не посегна по Него.
45 Стражарите, пак, се вратија кај свештеничките поглавари и кај фарисеите, а тие ги запрашаа: „Зошто не Го уапсивте?“
46 „Никој никогаш не зборувал така како што зборува Овој Човек!“ - одговорија стражарите.