43 Така настана поделба меѓу луѓето во однос на Исус.
44 Некои од нив сакаа да Го уапсат, но никој не посегна по Него.
45 Стражарите, пак, се вратија кај свештеничките поглавари и кај фарисеите, а тие ги запрашаа: „Зошто не Го уапсивте?“
46 „Никој никогаш не зборувал така како што зборува Овој Човек!“ - одговорија стражарите.
47 Фарисеите, пак, им рекоа: „Да не се прелажавте и вие?
48 Не гледате ли дека никој од старешините и од фарисеите не верува во Него!?
49 Но овој проклет народ, кој не го знае Мојсеевиот Закон, се заведува по Него!“