7 Вас светот не може да ве мрази, а Мене Ме мрази, затоа што постојано му зборувам за неговите зли дела и гревови.
8 Одете вие на празникот. За Мене се уште не е погоден моментот да тргнам на овој празник во Ерусалим.“
9 Тој го рече тоа, и остана во Галилеја.
10 А кога Неговите браќа заминаа на празникот, тогаш и Исус се искачи во Ерусалим, но не јавно, туку скришно.
11 Еврејските верски водачи, пак, Го бараа за време на празникот и прашуваа: „Каде е Тој?“
12 Во толпата народ многу се шепотеше за Исус. Едни велеа дека е добар, а други велеа: „Тој го мами народот!“
13 Но, никој не зборуваше јавно за Него, поради страв од еврејските верски водачи.