9 Тој го рече тоа, и остана во Галилеја.
10 А кога Неговите браќа заминаа на празникот, тогаш и Исус се искачи во Ерусалим, но не јавно, туку скришно.
11 Еврејските верски водачи, пак, Го бараа за време на празникот и прашуваа: „Каде е Тој?“
12 Во толпата народ многу се шепотеше за Исус. Едни велеа дека е добар, а други велеа: „Тој го мами народот!“
13 Но, никој не зборуваше јавно за Него, поради страв од еврејските верски водачи.
14 Кон средината на празникот, Исус се искачи во храмот и почна да поучува.
15 Тогаш еврејските верски водачи се зачудија и рекоа: „Од каде Му на Овој Човек такво знаење, кога никогаш не се школувал!?“