1 Потоа Исус отиде на Маслиновата Гора.
2 Следното утро, Тој повторно дојде во храмот. Сиот народ доаѓаше кај Него, а Тој, седејќи, ги поучуваше.
3 Вероучителите и фарисеите доведоа една жена што беше фатена во прељуба, па откако ја поставија насреде,
4 Му рекоа: „Учителе, оваа жена е фатена на дело како врши прељуба.
5 Во нашиот Закон Мојсеј заповедал таквите жени да бидат каменувани. Што велиш Ти?“
6 Тие Му го рекоа ова на Исус за да видат што ќе стори, надевајќи се дека ќе има за што да Го обвинат. Исус се наведна и почна со прстот да пишува по земјата.