31 Тогаш Исус им се обрати на Евреите кои поверуваа во Него: „Вие ќе бидете Мои вистински ученици, ако се придржувате до Моето учење.
32 Тогаш ќе ја запознаете вистината, и вистината ќе ве ослободи.“
33 Тие Му одговорија: „Ние сме потомци на Авраам и никогаш никому не сме му робувале; што сакаш да кажеш кога велиш дека ќе бидеме слободни!?“
34 Исус им одговори: „Ве уверувам дека секој што греши му робува на гревот.
35 А робот не останува трајно во семејството. Синот е трајно член на семејството.
36 Ако Синот ве ослободи, ќе бидете навистина слободни!
37 Знам дека сте потомци на Авраам, но сакате да Ме убиете, затоа што не сакате да го прифатите Моето учење.