24 Така тие по вторпат го повикаа човекот што беше слеп и му рекоа: „Биди искрен пред Бог! Ние знаеме дека Тој човек е грешник!“
25 „Јас не знам дали е Тој грешник“, - им одговори тој - „но, една работа знам: слеп бев, а сега гледам!“
26 На тоа тие му рекоа: „Што ти направи? Како ти ги отвори очите?“
27 „Веќе ви кажав“, - им одговори тој - „но вие не слушате! Зошто повторно сакате да чуете? Да не сакате и вие да станете Негови ученици?“
28 Тие почнаа да го навредуваат, велејќи: „Ти си Негов ученик, а ние сме ученици на Мојсеј!
29 Ние знаеме дека Бог му зборувал на Мојсеј, а не знаеме од каде е Овој Човек!“
30 „Чудно!“ - им одговори човекот - „Вие не знаете од каде е, но Тој ми ги отвори очите!