26 На тоа тие му рекоа: „Што ти направи? Како ти ги отвори очите?“
27 „Веќе ви кажав“, - им одговори тој - „но вие не слушате! Зошто повторно сакате да чуете? Да не сакате и вие да станете Негови ученици?“
28 Тие почнаа да го навредуваат, велејќи: „Ти си Негов ученик, а ние сме ученици на Мојсеј!
29 Ние знаеме дека Бог му зборувал на Мојсеј, а не знаеме од каде е Овој Човек!“
30 „Чудно!“ - им одговори човекот - „Вие не знаете од каде е, но Тој ми ги отвори очите!
31 Знаеме дека Бог не слуша грешници, туку ги слуша оние што имаат страхопочит кон Него и ја вршат Неговата волја.
32 Од почетокот на светот па до денес, не се чуло некој да му ги отвори очите на слепороден човек!