32 Од почетокот на светот па до денес, не се чуло некој да му ги отвори очите на слепороден човек!
33 Ако Тој Човек не беше од Бога, не ќе можеше ништо да стори.“
34 Тие му возвратија: „До гуша си во гревови! Ти ли нас ќе не учиш!?“ И го исфрлија надвор.
35 Исус слушна дека го исфрлиле надвор, па штом го најде, му рече: „Веруваш ли ти во Синот Човечки?“
36 Човекот одговори: „А кој е Тој, Господине, за да верувам во Него?“
37 Исус му рече: „Оној во Кого гледаш, Човекот со Кого разговараш - тоа е Тој!
38 „Верувам, Господе“ - одговори тој, па се спростре ничкум и Му се поклони.