9 Едни велеа: „Тој е!“ Други велеа: „Не е тој, туку само личи на него!“ А самиот тој велеше: „Јас сум тој човек!“
10 Тогаш тие го прашаа: „Па како ти се отворија очите?“
11 Тој им одговори: „Еден човек, по име Исус, направи кал, ми ги намачка очите и ми рече: ,Оди во бањата Шилоах и измиј се!‘ Откако отидов и се измив - прогледав!“
12 Тие го прашаа: „Каде е Тој човек?“ “Не знам“ - одговори тој.
13 Потоа го доведоа човекот што порано беше слеп кај фарисеите.
14 А тој ден кога Исус направи кал и му ги отвори очите беше сабота.
15 Фарисеите повторно почнаа да го распрашуваат, како прогледал. „Ми стави кал на очите“ - им одговори тој - „Потоа се измив, и еве - гледам!“