Колосјаните 1:10-16 MNT

10 Така ќе можете да живеете за Господ онака како што прилега и во секој поглед да Му бидете по волја. Секоја добра работа за која ќе се зафатите ќе носи плод и се подобро ќе Го запознавате Бог.

11 Се молиме да добивате сила од Божјата огромна и величествена моќ, за да можете со радост да истрпите и издржите се што ќе ве снајде

12 и да Му оддавате благодарност на небесниот Татко, Кој ви овозможи и вие, заедно со Божјиот свет народ, да добиете дел од наследството во Царството на светлината.

13 Тој не извлече од власта на царството на темнината и не пренесе во Царството на Неговиот сакан Син,

14 Кој ни ја откупи слободата и ни ги прости гревовите. Христос е над се

15 Христос е видлива слика на невидливиот Бог. Тој постоеше уште кога Бог ништо не беше создал.

16 Преку Христос Бог ги создаде сите нешта и на небото и на Земјата: тоа што се гледа и тоа што не се гледа, сите престоли и власти, сите владетели и властодршци, се беше создадено преку Него и за Него.