Колосјаните 1:5-11 MNT

5 Вашата вера и љубов се засновани врз надежта што ја имате за она што е подготвено за вас на небото. За тоа слушнавте од вистинитата порака - од Радосната вест.

6 Таа се проповеда по целиот свет и се шири со голем успех, давајќи плодови како и кај вас, од првиот ден кога ја слушнавте вистината и дознавте колку Бог ни е благонаклонет.

7 Радосната вест ја слушнавте од Епафрас, нашиот драг соработник, човек што верно Му служи на Христос и работи за вас.

8 Тој ни раскажа за вашата голема христијанска љубов што ви ја дал Светиот Дух.

9 Затоа, уште од првиот ден кога слушнавме, не престануваме да се молиме за вас и да бараме од Бог да ви ја открие Неговата волја за вашите животи. Се молиме да ве исполни со секаква мудрост и разбирање на духовните вистини.

10 Така ќе можете да живеете за Господ онака како што прилега и во секој поглед да Му бидете по волја. Секоја добра работа за која ќе се зафатите ќе носи плод и се подобро ќе Го запознавате Бог.

11 Се молиме да добивате сила од Божјата огромна и величествена моќ, за да можете со радост да истрпите и издржите се што ќе ве снајде