Колосјаните 2:6-12 MNT

6 Вие Го прифативте Исус Христос како свој Господ. Продолжете да живеете во послушност спрема Него.

7 Пуштете корени во Него, од Него црпете, за да растете и да се зацврстувате во верата, онака како што ве учевме. Бидете Му бесконечно благодарни на Господ.

8 Не дозволувајте никој да ве заведува со бесмислено филозофирање и со празни лаги, кои произлегуваат од чисто човечки обичаи, од овоземните принципи, а не од Христос,

9 зашто Бог во целост е присутен во Христос во облик на човечко тело,

10 па и вие сте целосни личности, преку сојуз со Него. Тој е Господар над сите сили и власти.

11 Преку духовно обрежување, Христос ја отстрани од вас вашата грешна природа, исто како што при телесното обрежување се отстранува едно делче од телото.

12 Кога се крстивте, вие всушност се погребавте со Христос, а потоа воскреснавте, бидејќи верувавте во Божјата сила што Го воскресна Христос од мртвите.