1 Вие сте воскреснати за да живеете со Христос. Затоа стремете се кон она што е на небото, каде што Христос владее, седнат од Божјата десна страна.
2 Размислувајте за она што е на небото, а не за она што е на Земјата.
3 Вие умревте кога умре Христос, а тоа значи дека вашиот вистински живот е скриен во Христос, кај Бог.
4 А кога ќе се појави Христос, Кој е вашиот вистински живот, тогаш и вие ќе се појавите, закитени со Неговата слава.
5 Затоа, не дозволувајте вашето тело да управува со вас! Умртвете го во вас она што е развратно, гнасно, похотно, зло и алчно. И алчноста е еден вид на идолопоклонство!