Колосјаните 3:14-20 MNT

14 А најважно од се е да бидете исполнети со љубов, зашто меѓусебната љубов сврзува во совршена заедница.

15 Секој од вас е дел од Христовото тело. Треба да бидете сложни и благодарни. Дозволете мирот што доаѓа од Христос да ги води вашите срца.

16 Зборовите на Христос, во сето нивно богатство, нека го исполнуваат вашиот живот. Користете ја сета мудрост што ја имате за да се поучувате и советувате еден со друг. Пејте Му на Бог псалми, химни и духовни песни, пејте Му со благодарност и од се срце.

17 Се што ќе кажете или ќе направите, правете го како претставници на Господ Исус, оддавајќи Му преку Него благодарност на Бог Таткото.

18 Жени, покорувајте им се на вашите сопрузи, како што им прилега на Господови следбенички.

19 Мажи, сакајте си ги вашите сопруги. Не однесувајте се грубо спрема нив.

20 Деца, бидете им во се послушни на вашите родители. Тоа Му причинува задоволство на Господ.