3 Вие умревте кога умре Христос, а тоа значи дека вашиот вистински живот е скриен во Христос, кај Бог.
4 А кога ќе се појави Христос, Кој е вашиот вистински живот, тогаш и вие ќе се појавите, закитени со Неговата слава.
5 Затоа, не дозволувајте вашето тело да управува со вас! Умртвете го во вас она што е развратно, гнасно, похотно, зло и алчно. И алчноста е еден вид на идолопоклонство!
6 Ваквите постапки го предизвикуваат Божјиот гнев.
7 Така постапувавте и вие кога вашиот живот беше неуреден.
8 Сега треба да престанете со гнев, омраза и злоба. Престанете да навредувате и да се служите со непристојни зборови.
9 Немојте да лажете. Вие веќе ја соблековте и ја отфрливте вашата стара природа, со нејзините навики,