1 Господари, постапувајте чесно и правично со своите робови. Не заборавајте дека и над вас има Господар на небото!
2 Посветете се на молитва, будно и со благодарност.
3 Молете се и за нас, Бог да ни отвори патишта, па Неговата порака да се шири и да се објаснува тајната за Христос. Токму заради тоа сега јас сум в затвор.
4 Молете се пораката да ја објаснувам разбирливо, онака како што треба.
5 Однесувајте се мудро спрема оние што не се христијани и користете ја секоја можност.
6 Зборувајте љубезно, умесно и концизно; давајте му умешен одговор на секој што ќе ви постави прашање.