11 Ве поздравува и Исус, меѓу нас познат како Јуст. Овие тројца се единствените христијани од Евреите што работат со мене за Божјото царство. Тие се големо охрабрување за мене.
12 Ве поздравува и вашиот сограѓанин Епафрас, кој сега е во служба на Исус Христос. Тој ревносно се моли за вас, да бидете цврсти, да станете зрели христијани, уверени во целата Божја волја.
13 Јас лично сум сведок колку ревносно се залага тој за вас, како и за христијаните во Лаодикеја и во Хиераполис.
14 Ве поздравуваат нашиот драг лекар Лука и Димас.
15 Поздравете ги сите христијани во Лаодикеја, а посебно Нимфа и членовите на црквата што се собираат во нејзиниот дом.
16 Кога ќе го прочитате ова писмо кај вас, погрижете се да стигне и во Лаодикејската црква, за да го прочитаат и тие, а и вие треба да го прочитате писмото што им го упатив ним.
17 Потсетете го Архип внимателно да ја извршува работата што му ја довери Господ.