14 Ве поздравуваат нашиот драг лекар Лука и Димас.
15 Поздравете ги сите христијани во Лаодикеја, а посебно Нимфа и членовите на црквата што се собираат во нејзиниот дом.
16 Кога ќе го прочитате ова писмо кај вас, погрижете се да стигне и во Лаодикејската црква, за да го прочитаат и тие, а и вие треба да го прочитате писмото што им го упатив ним.
17 Потсетете го Архип внимателно да ја извршува работата што му ја довери Господ.
18 Сега своерачно ви пишувам: Поздрав од Павле! Не заборавајте дека сум в затвор. Бог нека ви биде благонаклонет.