Колосјаните 4:6-12 MNT

6 Зборувајте љубезно, умесно и концизно; давајте му умешен одговор на секој што ќе ви постави прашање.

7 Мојот драг пријател Тихик, кој верно работи со нас и Му служи на Господ, ќе ви раскаже се што ве интересира за мене.

8 Го праќам токму заради тоа, да ви каже како сме и да ве охрабри.

9 Со него ќе дојде и вашиот земјак Онисим, кој е наш верен и многу мил брат по вера. Тие ќе ви раскажат за се што се случува овде.

10 Ве поздравува Аристарх. И тој е в затвор со мене. Ве поздравува и Марко, братучедот на Барнаба. Ако дојде кај вас, прифатете го, како што веќе ви пишавме.

11 Ве поздравува и Исус, меѓу нас познат како Јуст. Овие тројца се единствените христијани од Евреите што работат со мене за Божјото царство. Тие се големо охрабрување за мене.

12 Ве поздравува и вашиот сограѓанин Епафрас, кој сега е во служба на Исус Христос. Тој ревносно се моли за вас, да бидете цврсти, да станете зрели христијани, уверени во целата Божја волја.