31 Исус влезе кај неа, ја фати за раката и ја поткрена. Треската веднаш и престана и таа почна да ги послужува.
32 Вечерта, по зајдисонце, сите што беа болни или обземени од демони ги доведуваа кај Исус.
33 Целиот град се собра пред вратата.
34 Исус ги исцелуваше сите заболени од најразлични болести и ги ослободуваше од демонски духови. Демоните знаеја Кој е Исус, но Тој не им дозволуваше да кажат.
35 Рано утредента, уште в мугри, Исус стана и отиде на молитва, сам, на тивко место.
36 Симон и другите тргнаа да Го бараат.
37 Кога Го најдоа, Му рекоа: „Сите Те бараат!“