40 Еден човек, болен од лепра, дојде кај Исус, клекна на колена и почна да Го моли: „Ако сакаш, Ти можеш да ме исцелиш!“
41 Исус се сожали, испружи рака и го допре, велејќи му: „Сакам! Еве, те исцелувам!“
42 Во истиот момент лепрата исчезна и човекот оздраве.
43 Испраќајќи го, Исус строго му нареди:
44 „Не кажувај никому за ова! Оди само кај свештеникот и покажи му дека си здрав. Потоа принеси дар во храмот како што е пропишано со Мојсеевиот Закон, за да се увери јавноста.“
45 Но тукушто излезе, човекот почна на сите да им раскажува за случката, така што Исус повеќе не можеше јавно да се движи во градот. Престојуваше надвор од населените места, а народ од сите страни доаѓаше кај Него.