Марко 10:11-17 MNT

11 Тој им рече: „Тој што се разведува од својата жена и се оженува со друга, извршува прељуба против првата.

12 Така и жената што ќе се разведе од својот маж и ќе се омажи за друг, извршува прељуба.“

13 Некои луѓе ги носеа своите деца кај Исус за да ги прегрне и да ги благослови. Учениците, пак, ги одвраќаа.

14 Кога Исус го забележа тоа, ги прекори учениците и им рече: „Пуштете ги децата да доаѓаат кај Мене! Не попречувајте им, зашто на таквите како нив им припаѓа Божјото царство!

15 Ве уверувам дека нема да влезете во Божјото царство, доколку не го прифатите со вера каква што имаат малите деца!“

16 Потоа Исус ги гушна децата и ги благослови, положувајќи ги Своите раце врз нивните глави.

17 Кога Исус излегуваше кон патот, Му притрча еден човек, клекна на колена и Го праша: „Добар Учителе! Што треба да правам за да се здобијам со вечен живот?“