Марко 10:18-24 MNT

18 Исус му одговори: „Зошто Ме нарекуваш ,добар‘? Само Бог е добар!

19 Ги знаеш Божјите заповеди: Не убивај, не врши прељуби, не кради, не зборувај лаги за другите, не мами, почитувај ги мајка си и татка си ...“

20 Човекот Му одговори: „Учителе! Кон сите овие заповеди се придржувам уште од детството!“

21 Тогаш Исус милно го погледна и му рече: „Има уште едно нешто што треба да го направиш: оди, продај го сиот свој имот и раздели им ги парите на сиромасите, а ти ќе добиеш имот на небото. Потоа тргни по Мене и стани Мој следбеник.“

22 Кога го чу ова, човекот си замина разочаран и тажен, бидејќи поседуваше голем имот.

23 Исус погледна наоколу и им се обрати на Своите ученици: „Колку им е тешко на богатите да влезат во Божјото царство!“

24 Учениците се изненадија од овие зборови, но Исус продолжи: „Чеда! Тешко се влегува во Божјото царство!