Марко 10:31-37 MNT

31 Но мнозина кои сега се први, ќе бидат последни, а мнозина кои сега се последни, ќе бидат први.“

32 Учениците беа збунети кога Исус ги поведе кон Ерусалим, а останатите Негови следбеници беа исплашени. Уште еднаш, Исус ги повика кај Себе дванаесеттемина Свои ученици и почна да им објаснува што сe ќе Му се случи:

33 „Сега се искачуваме кон Ерусалим. Таму Мене, Синот Човечки, ќе Ме предадат на свештеничките поглавари и на вероучителите. Тие ќе Ме осудат на смрт и ќе Ме предадат на Римјаните,

34 кои ќе се подбиваат со Мене, ќе Ме плукаат, ќе Ме камшикуваат и ќе Ме погубат. Но по три дена, Јас ќе воскреснам!“

35 Завдаевите синови Јаков и Јован дојдоа кај Исус и Му рекоа: „Учителе, сакаме да те замолиме да ни исполниш една желба!“

36 „Што сакате да сторам за вас?“ - ги праша Исус.

37 Тие Му одговорија: „Кога ќе седнеш на престолот во Твоето славно Царство, ние би сакале почесни места: едниот од нас да седи од Твојата десна страна, а другиот од левата!“