Марко 10:38-44 MNT

38 Исус им рече: „Не знаете што барате! Можете ли вие да пиете од чашата на Моите страдања од која Јас наскоро ќе морам да пијам, и да се крстите со страдалничкото крштавање со кое Јас ќе се крстам!?“

39 „Можеме!“ - одговорија тие. Тогаш Исус им рече: „Ќе пиете од чашата од која Јас ќе пијам и ќе бидете крстени како и Јас.

40 Но не Сум Јас Тој што решава кој ќе седи од Мојата десна, а кој од Мојата лева страна. Тие места ќе им припаднат на оние за кои Бог ги приготвил.“

41 Кога останатите десетмина слушнаа за ова, им се налутија на Јаков и на Јован.

42 Затоа Исус ги повика сите заедно, и им рече: „Знаете дека оние што се прогласуваат за цареви владеат сурово над народите, а поставуваат и свои високи службеници кои ја користат својата власт над луѓето.

43 Но меѓу вас не треба да биде така! Тој што сака да биде најголем меѓу вас, нека им служи на сите!

44 Тој што сака да биде прв меѓу вас, нека им биде на услуга на сите,