Марко 10:43-49 MNT

43 Но меѓу вас не треба да биде така! Тој што сака да биде најголем меѓу вас, нека им служи на сите!

44 Тој што сака да биде прв меѓу вас, нека им биде на услуга на сите,

45 зашто и Јас, Синот Човечки, не дојдов на светот за да Ми служат, туку да им служам на луѓето и да го дадам Својот живот како откупнина за мнозина!“

46 Исус и Неговите ученици пристигнаа во градот Јерихо. На излегување од градот многуброен народ одеше по нив. Покрај патот седеше еден слеп питач, по име Бартимеј - син на Тимеј.

47 Кога слушна дека овде минува Исус Назареќанецот, тој почна да вика: „Исусе, Сине Давидов, покажи милост спрема мене!“

48 Мнозина се обидуваа да го замолкнат, но тој уште погласно викаше: „Сине Давидов, покажи милост спрема мене!“

49 Исус застана и рече: „Викнете го овде!“ Луѓето го повикаа слепиот и му говореа: „Не плаши се, дојди, Тој те вика!“