23 Ве уверувам дека, ако имате вера во Бог и не се сомневате, ќе можете да и кажете на оваа планина да се искорне и да се фрли во морето, и тоа ќе се случи.
24 Ви велам: Сe што ќе побарате преку молитва ќе добиете, ако имате вера.
25 Кога се молите, простувајте им на оние што се огрешиле против вас. Тогаш вашиот небесен Татко ќе ви ги прости и вашите гревови.“
26 (Но ако не им простувате на другите, и Бог вам нема да ви прости.)
27 Исус и Неговите ученици повторно дојдоа во Ерусалим. Додека Исус шеташе по храмот, Му пристапија свештеничките поглавари, вероучителите и старешините
28 и Го прашаа: „Со какво право го вршиш сето ова? Кој те овластил?“
29 Исус им одговори: „И Јас сакам нешто да ве прашам. Ако вие ми одговорите, тогаш и Јас ќе ви кажам кој Ме овластил да го правам сето ова.